Friday, June 14, 2013

ЧАЕВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЦРНОДРОБНИ И ЖОЛЧНИ БОЛЕСТИ, СЛЕЗИНКА И ПАНКРЕАС

4.1.1 Болести-воспаленија-акутни хронични талози-песок -камен, ехинокок, замастувања, холестерол, триглецериди, некроза, вируси, жолтици, хепатити А, Б , Ц, високи бели рубини, високи трансаминази (АЛТ, АСТ, АЛКП, амилази, липази, цироза алкохолна, црна жолтица (пожолтеност на кожата и очите, асцити (вода во стомак) метастатски промени пост оперативни зафати и хемо - терапии, ту и слично, дијабет - шеќерна болест, дијабет -1, и дијабет 2.

4.1.2 КОИ ЧАЕВИ СЕ ЗЕМААТ И КАКО

4.1.3 Чај за мокрење - 3 супени лажици со 1,5 литар ладна вода се става во сад да зоврие, се покрива со капак и се остава да излади 2 сата, се процедува и се пие место вода во текот на денот.
4.1.4 Чај за црнодробни болести - 1 супена лажица од чајот се попарува со 1 литар врела вода се остава да отстои 3 сата се процедува и се пие 5 пати на ден по 200 милилитри , на празен стомак.
4.1.5 Чај број 3/1 - 1 кафено лажиче се вари со 200 милитри вода (да зоврие) се остава да излади 30 минути и се пие на празен стомак, 3 пати на ден.
4.1.6 Преспанска горчица – чемер - се пие 3 пати по едно кафено лажиче на празен стомак.
4.1.6 Медовина се зема 2 пати на ден по две кафени лажички на празен стомак.
4.1.7 Силимарин (или природен –Марианум силибум или апчиња - силимарин).

ДИЈАБЕТ 1 и ДИЈАБЕТ 2

(DIABETES) ДИЈАБЕТ УПАТСТВО
У П А Т С Т В О - Резултатите со овој начин на однесување и примена на терапијата ги имате после првите 14 дена. На 14 дена се прават контроли и се следи состојбата и решавањето на заболувањето. За Диабетес третамнот може да трае и 42 дена во зависност од дијагнозата бројот на шеќерни, единици и приемот на инсулински единици.
Лекување на ДИАБЕТЕС со помош на Терапијата со лековити тревки, чаеви, чајни мешавини и Режим на исхрана по методите на Алтернативната медицина(треварство)
ДИЈАБЕТЕС, ДИЈАБЕТ (диабет, Diabetes) е вообичаен израз кој се однесува на повеќе биохемиски пореметувања во организмот кој не е во состојба да ги искорости јаглените хидрати, шеќерот и скробот, кои се внесени во организмот преку исхраната и хранливите производи. Како резултат на тоа, нивото на шеќерот расте во крвта над нормалата и може да доведе и до други сериозни пореметувања на други органи како што се срцевата работа, инфаркти и изливи на мозокот, заболувања на бубрезите, болести на очите и видот, заболување , мозочни изливи, слепило, леукемичжни заболувања и слично.

Дијабетес и Бременост

Дијабетесот претставува една од најчестите компликации во текот на бременоста. Може да биде прегестациски ( пред бременоста ) и гестациски дијабетес кој се појавува само за време на бременоста.

Прегестацискиот дијабетес кој се развил пред забременувањето води до големи ризици за текот на бременоста и за плодот.  Колку повеќе е оштетен организмот на мајката толку поголеми се  компликациите во текот на бременоста. Сите жени со прегестациски дијабетес и со желба да останат бремени, треба 6 месеци пред забременувањето строго да се контролираат. Со редовните контроли ризокот от компликации се сведува на минимум. Диетата има голема улога во подржувањето на добрата контрола на дијабетесот.

Гестацискиот дијабетес е дијагностициран за време на самата бременост. Kaј жени со висок ризик (зголемена тежина, дијабетес во фамилијата, гестациски дијабетес во претходна бременост) се прави скрининг  оптеретување со гликоза помеѓу 24  и  28 гестациска старост на бременоста.

Жените кај кои ке се дијагностицира дијабетес треба да се следат и после бременоста бидејќи повеќе од половината развиваат дијабетес тип 2 до 20 години. При гестацискиот дијабетес ризикот од појава на аномалии на плодот не е зголемен, но при зголемена гликeмија на гладно зголемен e процентот на необјаснета интраутерина смрт на плодот во последните 4 – 8 недели од бременоста. Kaj овие бремени хипертонијата и царскиот рез се почести. Органите на плодот кај мајка со дијабетес се зголемени. Плодот е макрозомен со тежина над 4000 грама. Мајката има зголемени нивoа на гликeмија. Гликозата преминува преку плацентата во крвта на плодот и предизвикува секреција на големи количини на инсулин. Тој делува како хормон на растење и го стимулира наrаснувaњето на телото на плодот, a се засилува и депонирањето на масти во масните депoа. Најсилно се зафатени рамењата и мевот на плодот. Затоа кај овие бебиња е честа рамената дистокија, која представува исклучително ризична ситуација и треба многу бргу да се реши за да се роди здраво бебе.

Лекувањето на гестацискиот дијабетес треба се лекува со диета. Ако нивото на гликeмијата не успее да се регулира со диета се започнува терапија со инсулин. Умерената физичка активност е многу корисна.
Дијабетесот, или шеќерната болест, е најчесто нарушување на ендокриниот систем, од која заболува 1 од 70 лица. Болеста се појавува како последица на нарушувањето на нивото на инсулин во крвта, хормон на панкреасот кој му помага на телесниот систем да ја преобрази гликозата или крвниот шеќер во енергија...