Saturday, May 11, 2013



       Дијабетесот е болест која се дефинира како високо ниво на шеќер во крвта. Ова нарушување на метаболизмот настанува поради ниското ниво на хормон,наречен инсулин или поради неспособноста на организмот да го употреби истиот. Високото ниво на шеќер во крвта го зголемува ризикот од инфекции. Инсулинот се лачи од ендокриниот дел на панкреасот.      Наследувањето е важно за појавата на шеќерна болест што се потврдува со почестото заболување на потомците на дијабетичните родители.
  Тука се вклучени и оралните инфекции, особено оние кои предизвикуваат гингивална болест (гингивитис). Заболувањето на непцата е една од најчестите компликации поврзани со дијабетес. Гингивалната болест може да предизвика непријатен здив, отежнато џвакање на храната и крварење. Дијабетесот го зголемува ризикот и од другите орални инфекции како што е оралната кандидијаза, или соор. Оваа габична инфекција е предизвикана од габа која се храни со шеќерот од крвта. Кандидијазата се карактеризира со бели, понекогаш црвени делови од слузокожата во усната празнина. Дијабетесот, исто така го зголемува ризикот од други орални состојби, како што е ксеростомија, односно сува уста.






 Дијабетесот и нарушеното орално здравје

      Високото ниво на шеќер во крвта го зголемува ризикот од инфекции. Тука се вклучени и оралните инфекции, особено оние кои предизвикуваат гингивална болест-гингивитис (Слика 1).  Всушност, заболувањето на непцата е една од најчестите компликации поврзани со дијабетис. Гингивалната болест може да предизвика непријатен здив, отежнато џвакање на храната и крварење.

                                                         Слика 1. Гингивитис
                                                         Picture 1. Gingivitis
Доколку соодветно не се третира, гингивитисот може да ги оштети непцата и да ги предизвика опаѓање на забите. Исто така, лошото орално здравје е поврзано со зголемен ризик од срцеви болести. Гингивалната болест може да го отежне регулирањето на шеќерот во крвта. Дијабетесот го зголемува ризикот и од другите орални инфекции како што е оралната кандидијаза, или соор. Оваа габична инфекција е предизвикана од габа која се храни со шеќерот од крвта. Кандидијазата се карактеризира со бели, понекогаш црвени делови од слузокожата во усната празнина. Овие промени може да бидат болни и да преминат во улцери, односно рани. Дијабетесот, исто така го зголемува ризикот од други орални состојби, како што е ксеростомија, односно сува уста. Овие здравствени проблеми, во поголемиот број на случаи може да се спречат доколку се следат следниве совети:
Ø  секојдневно чистење на забите со забен конец(Слика 2), а потоа миење со соодветна четка

Ø  користење на специјално средство за плакнење на устата по миењето со четка
Ø  редовни посети на стоматолог
Ø  избегнување на цигари и алкохол
Ø  редовна хигиена на оралните протези (вилици)
Карактеристични симптоми за дијабетисот се:
*      зголемено лачење на урина
*      жед
*      зголемен внес на течности
*      заматен вид
*      необјасниво губење на тежината
*      замор
 Постојат два основни типа на дијабетес

1.    Дијабетес тип 1
2.    Дијабетес тип  2

РАЗЛИКА ПОМЕЃУ 1 И 2:
ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 - Дијабетес тип 1 обично се дијагностицира во детството или адолесценцијата. Кај дијабетес тип 1, панкреасот не произведува инсулин затоа што сопствениот имунолошки систем ги уништил клетките што го произведуваат инсулинот(Слика 3).  Луѓето со дијабетес тип 1 мора секојдневно да си даваат инсулин.



Слика 3. Пресек на крвни садови со нормално и покачено ниво на глукоза.
Picture 3. Diameter blood vessels with normal and elevated levels of glucose.

ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 - Дијабетес тип 2 е најчестиот тип дијабетес, кој погаѓа 85-90% од луѓето со дијабетес. Кај дијабетесот тип 2, панкреасот произведува инсулин, но тој не дејствува како што треба, па панкреасот произведува уште инсулин. На крајот, не може да произведе доволно за да ја одржува рамнотежата на гликоза под контрола. Постојат и други поретки форми на дијабетес. Тука спаѓа и дијабетесот во бременоста(Слика 4.), кој се јавува само кај трудници.
Компликациите кои ги предизвикува дијабетисот се серозни.   Може да  бидат: болести на срцето,колапс,откажување  на бубрезите, слепило, амплутација и     др.

    Дијабетeсот и здравјето на устата и забите

     Лицата со дијабетес треба да посветат големо внимание на оралната хигиена, бидејќи се подложни на извесни компликации. Главни орални проблеми, кои се јавуват кај дијабетичарите се инфекции и сува уста, кои понатаму можат да доведат до појава на болести на виличните гребени, болести на забите и долго опоравување после секоја извршена интервенција во оралниот медиум. Раното откривање на овие проблеми овозможува ублажување на најголем број од симптомите. Ако се чека предолго, некои од овие проблеми можат да остават трајни последици.


                  Сува уста(ксеростомија) 

   Сувата уста(Слика 5.) настанува како резултат на недостаток на плунка или како резултат на намалена работа на плунковите жлезди кои ја лачат истата. Кај дијабетичарите зголеменото ниво на шеќер во плунковните жлезди доведува до намалено количина на плунка во устата.
                                                           Слика 5. Сува уста
                                                           Picture 5. Dry mouth
Сувата уста е погодна средина за настанување на кариес на забите, бидејќи недостатокот на плунка го оневозможува природното чистење на забите. Намалената влажност на устата, може да доведе и до појава на чирови, габични инфекции или да оневозможи носење на протези. Најдобар начин за лечење на ксеростомијата е зголемен внес на течноси. Во некои, потешки случаи се препорачува и соодветна терапија со лекови. Последица од ксеростомијата(Слика 6.) е и синдромот " горечки/жаречки"усти. Се карактеризира со непријатно чувство на пецкање на јазикот и другите делови од устата. Пецкањето може да биде толку силно, по лицето со ваков проблем, има чувство како да голта врела течност

2.5. Болести на виличните гребени
Овде се вбројуваат:
v  Гингивитисот
v  Периодонтитисот
Пародонтолошките болести(Слика 7.) се бактериски инфекции кои се јавуваат околу виличните гребени, а можат да ги зафатат и ткивото и коската,кои му даваат потпора на забот.
  Доколку не се превземат потребните мерки за лечење, забите ќе почнат да се расклатуваат и во најтежок случај да испаѓаат. Дијабетичарите се поподложни на овие болести, бидејќи се многу поосетливи на инфекции и периодот на лечење кај нив е многу подолг.

                                                Слика 7. Периодонтитис
                                                 Picture 7. Periodontitis

Ако дијабетесот не се држи под контрола, болестите на виличните гребени се јавуваат почесто, а последиците тешко се отстрануваат.
Дијабетичарите треба редовно да поседуваат стоматолог, и забните наслаги и забниот камен да ги отстрануваат на секои три месеци, наместо двапати годишно.

 Хигиена и третман на забите

     Кога е оралното здравје во прашање на дијабетичарите им се советува следното:
v  Миење на забите(Слика 8.) најмалку два пати дневно,но најдобро е после секој оброк
v  Користење на забен конец
v  Посета на стоматолог на секои три месеца за навремено откривање на првите знаци на гингивитис, периодонтитис или кариес, бидејќи болестите на виличната коска и виличните гребени можат да напредуваат, а притоа лицето да не чувствува болка и да нема крварење од гингивата


Слика 8. Правилно одржување на орална хигиена
Picture 8. Proper maintenance of oral hygiene
v  Ако при миење на забите, гингивата обилно крвари потребно е веднаш да се консултира со стоматологот. Тој треба да биде известен за било каква промена во устата-недостаток на плунка, лош вкус, појава на бели површини на јазикот и други состојби.
v  Со неколку исклучоци, дијабетичарите можат исто како и здравите луѓе да се изложат на стоматолошка интервенција. Стоматолозите советуваат стоматолошките интервенции кај нив да се одвиваат наутро. Оброците и инсулинот се земаат на ист начин како и обично.
v  Во случај на екстракција на заб или хирушка интервенција, дијабетичарите треба да очекуваат подолг период на опоравување и почести и редовни контроли кај стоматолого и хирургот кои ја имаат извршено интервенцијата.
Било која хируршка интервенција, може да се изврши само ако нивото на шеќерот во крвта е под контрола. Во спротивно интервенцијата мора да се одржи, освен ако не станува збор за инфекција или гнојни чирови, кои мора да се третираат без одлагање.
v  За дијабетичарите, од посебна важност е да внимаваат на режимот на исхрана и да ја одржуваат телесната тежина со вежбање. Кога на ова ќе се додаде и грижата за забите и оралниот медиум во целина, самиот дијабетичар си го олеснува и продолжува животниот век.
v  Секој залак ги стимулира плунковните жлезди да лачат плунка(Слика 9.). Улога на плунката, меѓу другото е и делумно да ги исчисти устата и забите после оброкот. Џвакањето на гуми за џвакање без шеќер, исто така може да ги стимулира плунковните жлезди постојано да лачат плумка,па затоа им се препорачува на дијабетичарите почесто да конзумираат.

                                          Слика 9. Прибор за одржување на орална хигиена
                                          Picture 9. Supplies for maintenance of oral hygiene

v  Протезите(тотална и парцијална) и разни ортодонтски помагала, задржуваат наслаги и храна после оброкот, затоа треба редовно и убаво да се чистат, исто како и природните заби, после секој оброк.

 6 причини зошто треба да се чува оралното здравје

1)  Ја зајакнува самодовербата
Расипаните заби и воспалените непца се најчесто асоцирани со лоша орална хигиена, а тоа пак може да доведе до непријатен здив(Слика 10.). Сето ова може да влијае на самодовербата кај личноста.

2)  Може да го намали ризикот од срцево заболување

Хроничното воспаление на непцата е асоцирано со појава на кардиоваскуларни проблеми, како што се срцевото заболување, блокада на крвните садови и мозочен удар.
Слика 10. Орално здравје
Picture 10. Oral health
Експертите тврдат дека доброто орално здравје со сигурност го чува и здравјето на срцето, а тоа е покажано во бројни студии.
3)  Ја чува меморијата
Возрасните кои имаат гингивитис (отечени непца кои крварат) имаат лоши резултати на тестирањата за когнитивни способност, во споредба на оние со здрави непца и заби, се тврди во студијата објавена во Списанието за Неврологија, Неврогирургија и Психијатрија.


4)  Го намалува ризикот од инфекции и воспаленија во телото
Истражувачите го поврзуваат лошото орално здравје со реуматоиден артритис, автоимуно заболување кое предизвикува воспалување на зглобовите. Експертите велат дека механизмот на деструкција на сврзното ткиво и кај гингивалната болест и кај реуматоидниот артритис е слично.

5)  Помага во одржување на нивото на шеќер кај дијабетичарите
Лицата со неконтролиран дијабетес, често пати страдаат од заболување на непцата. Некои експерти тврдат дека луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик од гингивална болест. Затоа, одржувањето на добра орална хигиена, ќе ја спречи појавата на гингивитис, а тоа може да помогне во одржувањето на нормално ниво на шеќерот во крвта.
6)  Помага на бремените жени да го родат своето бебе во термин
 Жените се подложни на гингивитис за време на својата бременост. Некои истражувачи сметаат дека гингивитисот кај бремената жена може да доведе до предвремено раѓање или пак раѓање на дете со мала родилна тежина.

No comments:

Post a Comment